ВРЕМЕНСКА РАМКА
1955
Направени се првите геолошки опсервации и истражувања на локалноста Боров Дол од страна на Геолошкиот завод.
1965
Започнуваат систематски истражувања со изготвување на геолошка карта 1: 1000 на површина од 100km2 , со која се добиени појдовните информации за понатамошните истражувања.
1966 – 1983
Извршени се првите детални геолошки истражувања; издупчени се вкупно 44 дупчотини за да се провери содржината на бакарот во рудите.
1984
Изработен е првиот Елаборат за пресметка на рудните резерви на Боров Дол, со кој е потврдено порфирското бакарно орудување во рудното наоѓалиште.
1984 – 1988
Продолжуваат деталните геолошки истражувања; издупчени се вкупно 27 дупчотини за да се провери содржината на бакарот во рудите.
Октомври, 2010
Основана е компанијата ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Рaдовиш.
Декември, 2010
Одлука за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина–бакар на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш на локалитетот “Боров Дол”, општина Конче и општина Штип
2011
Направени се првите заштитни археолошки истражувања на локалитетот Боров Дол во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Штип и Министерство за култура, за да се овозможат геолошките истражувања.
2011 – 2014
Извршени се најнови детални геолошки истражувања од страна на ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш; издупчени се вкупно 28 дупчотини
Декември, 2014
Изработен е Елаборат од изведените детални геолошки истржувања, со пресметка на геолошките рудни резерви, на минерална суровина бакар на локалитетот “Боров Дол”, општина Конче и општина Штип.
2016
Одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – бакар на ДПТУ БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш на локалитетот “Боров Дол”, Општина Конче и Општина Штип.
2017 & 2018
Спроведени се две дополнителни археолошки истражувања на локалитетот Боров Дол од страна на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Штип.
Април, 2018
Изработен е главен рударски проект за експлоатација на минерална суровина бакарни руди на локалитетот “Боров Дол” општина Конче и општина Штип.
Октомври, 2018
Издадена е дозвола за експлотација од страна на Министерството за економија на Република Македонија.
Декември, 2018
Официјален почеток на подготвителните работи за отварањето на новиот рудник Боров Дол.
Април, 2020
Дозвола за градба од Министерството за транспорт и врски за изградба на рударскиот комплекс Боров Дол.
Јануари, 2021
Отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Февруари, 2021
Издадена е А-Интегрирана еколошка дозвола на рудникот за бакар “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш.
Февруари, 2021
Направен е првиот извоз на бакарен концентрат од добиената руда од Боров Дол.