Добредојдовте во рудник Боров Дол

Во спроведувањето на нашите активности, вложивме посебно внимание во пронаоѓањето на начини за контрола на загадувањето, заштита и зачувување на природата и животната средина.

Процесот на експолатација на минералните суровини на површинскиот коп Боров Дол се состои во откопување на бакарна руда и соодветна количина на рудничка јаловина, а преработката на бакарната руда се врши во погонот дробење и флотација во рудникот Бучим. Рудничката јаловина се одлага на надворешно одлагалиште во Боров Дол, а бакарната руда преку транспортната трака се транспортира  до Бучим.

dupcenje-rudnik

Дупчење

miniranje-rudnik

Минирање

iskopuvanje-rudnik

Ископување

transport-rudnik

Транспорт

drobenje-rudnik

Дробење

sklad-rudnik

Отворен склад

traka-rudnik

Транспортна трака

Клучен фактор во изведувањето на работниот процес е покриената транспортна трака, со која се пренесува експлоатираната руда на понатамошно преработување во рудникот Бучим.

Покриената транспортната трака, претставува главна линија која што директно го поврзува отворениот склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на рудникот Бучим. Транспортерот, долг 7км, е софистицирано инженерско решение за транспорт на руда, кое освен што максимално ја минимизира појавата на прашина, обезбедува и рационално користење на веќе постоечките капацитети за преработка на руда во рудникот Бучим, со што се овозможува одговорно искористување на минералните суровини, избегнувајќи го потенцијалниот кумулативен ефект, без градење на нови преработувачки структури и објекти и заштита на животната средина.

Системот претставува техничко решение за нормално и тековно функционирање на рудничките активности за експлоатација на минерални суровини, кое обезбедува висок степен на заштита на животната средина, безбедност и децениска стабилност во поглед на производството на бакарниот концентрат.