Добредојдовте во рудник Боров Дол

Боров Дол е современ рудник за површинска експлоатација на бакарна руда, наследник на 40-годишниот рудник Бучим, со кој што се овозможува продолжување на ископ на бакарна руда, оперативност на производствените единици во Бучим, зачувување на работните места и создавање на нови можности за работа за жителите на локалните општини Конче, Штип и Радовиш.

Со производство отпочна во 2021 година и годишно ископува над 4 500 000 тони бакарна руда, која содржи бакар и злато. Со 300 директно вработени е еден од најголемите работодавеци во регионот кој придонесува за одржливиот економски и социјален развој на регионот.

Боров Дол содржи и проспективни резерви од околу 62 милиони тони руда со 0,25% бакар и 0,19 г/т злато.

Во рудникот Боров Дол се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда. За да се минимизира влијанието врз животната средина, ги користи веќе постоечките капацитети на Бучим за преработка и складирање на руда, а издробената руда се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км.

За нас

Боров Дол е современ рудник за површинска експлоатација на бакарна руда, наследник на 40-годишниот рудник Бучим, со кој што се овозможува продолжување на ископ на бакарна руда, оперативност на производствените единици во Бучим, зачувување на работните места и создавање на нови можности за работа за жителите на локалните општини Конче, Штип и Радовиш.

Со производство отпочна во 2021година и годишно ископува над 4 500 000 тони бакарна руда, која содржи бакар и злато. Со 330 директно вработени е еден од најголемите работодавеци во регионот кој придонесува за одржливиот економски и социјален развој на регионот.

Боров Дол содржи докажани и проспективни резерви од околу 40 милиони тони руда со 0,26% бакар и 0,20 г/т злато.

Во рудникот Боров Дол се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда. За да се минимизира влијанието врз животната средина, ги користи веќе постоечките капацитети на Бучим за преработка и складирање на руда, а издробената руда се транспортира преку покриена транспортна трака долга 7 км.

Awesome Image
Историјата е сведок на времето.

Првите геолошки опсервации и истражувања на рудното наоѓалиште Боров Дол, спроведени во 1955 година, претставувале појдовна точка за понатамошните долгогодишни обемни и комплексни геолошки истражувања кои се одвивале во континуитет од 35 години (1965 -1999год.). Во 2011 година, врз основа на сознанијата од претходните истражувања на рудното наоѓалиште Боров Дол, Солвеј Инвестмент Груп започна со извршување на детални геолошки истражувања, кои докажаа дека локалитетот Боров Дол, претставува рудно наоѓалиште на бакар, кое несомнено ќе овозможи продолжување на работниот век на рудникот Бучим најмалку до 2030 година.

Развојот на рудникот Боров Дол опфаќа еден подолг временски период кој може да го видите преку нашата временска рамка.

Мисија

Oдговорното и безбедното работење е нашиот основен двигател при трансформирање на природните минерални ресурси во просперитет и одржливост на компанијата и целото опкружување. Со стручни и мотивирани вработени и примена на современи технички и технолошки достигнувања, до чиста и здрава животна средина, пријатно и безбедно опкружување.

Визија

Да создадеме долгорочна вредност преку примена на иновативни технологии, високо професионални стандарди и пристапи кон интегриран и одржлив развој.

Вредности

Нашите вредности претставуваат темел на нашето работење и нашиот раст и развој. Во сè што работиме, се водиме од корпоративните вредности, кои произлегуваат директно од начелата, верувањата и визијата на нашата матична компанија Солвеј Инвестмент Груп.

Долгорочниот одржлив развој е суштински за нашиот успех и одговорноста што сите ние ја споделуваме. Општествени, економски и еколошки перформанси во сè што правиме.

Преку висока професионалност и тимска работа создаваме вредности и можности кои ни овозможуваат на нас и на локалните заедници заеднички раст и просперитет.

Чесни, етички и одговорни во нашето работење. Долгогодишното успешно работно искуство инспирира доверба во нашите тековни перформанси и перспективи за иднината.

Ние ги спроведуваме нашите активности со целосна и отворена транспарентност. Практикуваме одговорни и отворени деловни практики.

Подготвени да се соочиме со предизвиците кои ги носи иднината. Нашата култура на постојани иновации, страст за работа и фокус за остварување на резултати, доведоа до нови начини на работа во развојот на работните процеси.

Професионализам, храброст и експертизам ја водат нашата компанија. Се стремиме да промовираме култура која ги прифаќа предизвикувачките ситуации кои бараат силни менаџерски способности и технолошка експертиза.

Awesome Image

Раководство
Управител

Александр Раков

Александр Раков е дипломиран рударски инженер со специјалност за технологија и комплексна механизација на површинска експлоатација на минерални суровини. Има богато професионално искуство со повеќе од 45 години во раководење на рудници ширум светот, каде што под негово раководство, рудниците ги достигнуваат најдобрите резултати.

Својата работна кариера во рударството ја започнува во 1978 година, а во неговата долга кариера во рударскиот сектор бил носител на повеќе менаџерски позиции во повеќе рудници.

Александр Раков застанува на чело на двата рудника Бучим и Боров Дол и раководи со компаниите почнувајќи од 22 мај, 2023 година.

Awesome Image

Заменик управител

Ивица Карапетров

Ивица Карапетров е роден е во Гевгелија, во 1974 година. Во 1996 година дипломира при Финансиска Академија под Владата на Руската Федерација, каде подоцна завршува и магистерски студии по економија.


Кариерата ја започнува во “БМВ Инженеринг”, Москва, Руска Федерација во 1996 година, каде работи сѐ до 1999 година, на позиција директор за финансии. Од 1999 до 2003 година работи како шеф на сектор за корпоративно кредитирање во Експорт Импорт банка АД Скопје, а од 2003 до 2007 година е заменик Генерален директор на Аркада Македонија банка АД Скопје. Воедно, во периодот од 2007 до 2011 година е Генерален директор на Приватниот инвестициски фонд МАК АССЕТ Менаџмент. Од 2006 година работи како надворешен консултант за финансии во рудникот за оловo и цинк “САСА”, Македонска Каменица, каде од 2015 година ја извршува функцијата на помошник генерален директор, а од 2016 е назначен за регионален директор на рудникот и ја извршува оваа функција се до декември 2018 година.


Во рудникот за бакар “Боров Дол” доаѓа во јануари 2019 година како директор за финансии и администрација, a од 2021 година ја извршува и функцијата Управител на ДПТУ “Боров Дол” ДООЕЛ Радовиш и директор за финансии и администрација сѐ до јуни 2022 година. Од ноември 2022 продолжува да работи во Боров Дол како заменик Управител на рудникот. Во мај 2023 година е назначен за Заменик Управител на рудниците Бучим и Боров Дол.

SOLWAY INVESTMENT GROUP

Рудникот Боров Дол е во сопственост на меѓународната групација за рударство и метали Солвеј Инвестмент Груп.Главни области на експертиза се инвестирањето во индустриски проекти, рестартирање на производствени компании и развој на гринфилд проекти, преку кои може позитивно да влијае како на производниот процес на проектот, така и на регионот во кој што работи. Солвеј Инвестмент Груп со проширувањето на постојните компании и отварањето на нови, влијае врз социјалниот развој и економскиот раст на регионите каде што работи, преку инвестиции во општествено-ориентирани проекти, создавање на нови работни места и исплата на даноци на локалните и државните буџети.