Безбедна и здрава работна средина
Наш најголем приоритет е безбедноста и здравјето на нашите вработени. Нашата цел е секој ден нашите вработени да се вратат дома живи и здрави.
Сите наши активности се во согласност со безбедносните и здравствените стандарди и правила и редовно ги следиме меѓународните барања за подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
Покрај обезбедената лична заштитна опрема за секого, редовните здравствени прегледи и обуки, ние го поддржуваме и здравиот начин на живот на нашите вработени кој придонесува кон подготвеност за работа и минимизирање на изложеноста на зголемена опасност од повреда или нарушување на здравјето. Постојано ги преиспитуваме и контролираме нашите процеси и опреми, ги користиме најдобрите достапни техники и одржуваме високи стандарди за безбедна работа.
Одговорното воспоставување и одржување на добрата пракса за безбедност и здравје при работа, програмите за поддршка на здравјето на вработените и модернизацијата на работните единици, обезбедува безбедна и здрава работна средина, во која ризикот од повреда при работа е на сведен на минимум.