Чиста и зелена околина
Заштитата на животната средина е еден од нашите врвни приоритети во текот на целиот животен циклус на рудникот. Здравата животна средина е од клучна важност за нашата иднина, а материјалите што ги произведуваме се неопходни за човечкиот напредок и затоа е потребно да ги произведеме на одржлив и одговорен начин.
Нашите градежни и оперативни планови се развиени со цел да се обезбеди минимално влијание врз животната средина и подобрување на еколошкиот систем. Рудникот е планиран и подготвен со висок степен на претпазливост кон заштитата на животната средина. Во нашиот процес на работа, преку иновација и технологии, ние развивме начин за рационално користење на природните ресурси и максимално зачувување на животната средина. Еколошкото управување го применивме во практика, со обезбедување на современи и еко-пријателски технологии за извршување на нашата активност и одржлива иднина. Клучниот инвестициски фокус е изградбата на покриената транспортна трака, преку која ќе се пренесува издробената руда до веќе постоечките капацитети на Бучим за складирање и понатамошна преработка. Ова современо инженерско решение го ограничува ширењето на прашина и го сведува загадувањето на воздухот на минимум и обезбедува минимално влијание врз животната средина.
Редовниот мониторинг на животната средина игра клучна улога во одредувањето на потенцијалното влијание што Боров Дол го има врз околината. Ги следиме сите аспекти на животната средина, како што се подземни, површински и отпадни води квалитетот на воздухот, почвата, биолошката разновидност, бучава и изворите на емисии и овие извештаи редовно ги доставуваме до надлежниот орган за животна средина.
Приоритетните области на нашата стратегија за животна средина вклучуваат намалување на негативното влијание на компанијата врз животната средина, зачувување на природните еколошки системи и постојан развој на управување на квалитетот на животната средина.
Во извршувањето на нашите активности, превземаме чекори за зачувување на животната средина за сегашните и идните генерации.