Дополнително, во текот на утрешниот ден Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе спроведе уште еден теренски увид за проверка на состојбата со животната средина на посочените места, како и повторно земање на мостри за понатамошни анализи и утврдување на фактичката состојба на терен.
За целосно запознавање на јавноста и засегнатите страни, рудникот за бакар Боров Дол работи во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Воедно, редовно ги следи влијанијата врз животната средина и извештаите ги доставува до надлежните институции.
ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш работи транспарентно и одговорно. Овозможува отворен директен и транспарентен пристап до информации и теренски увид на сите институции, граѓански здруженија, како и на локалното население и медиумите за какво било појаснување или одговор во секое време.