Како одговор на неодамнешната изјава на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведените санкции насочени кон наводното руско учество во рударскиот сектор во Гватемала, во име на Солвеј Инвестмент Груп би сакале да го изјавиме следното:
Солвеј Инвестмент Груп („Солвеј“) швајцарска семејна компанија, вклучувајќи ги сите подружници, вработени, службеници и директори ја сфаќаат оваа одлука многу сериозно и веруваат во строго почитување на сите владини прописи и закони во своето деловно работење. Солвеј целосно соработува со Владата на САД преку својата американска адвокатска фирма Сејден Лоу Груп (Seiden Law Group LLP). Активно се истражуваат фактите и околностите кои довеле до наводното однесување на двајцата, сега веќе суспендирани вработени према кои се насочени воведените санкции. Би сакале да напоменеме дека према Солвеј не се воведени санкции и притоа планира транспарентно да го реши ова прашање што е можно поскоро. Исто така, потенцираме дека санкционираниот субјект Мајаникел (Mayaniquel) не è и никогаш не бил дел од Солвеј Инвестмент Груп.
Подружниците на Солвеј, рудникот за никел во Гватемала (CGN), фабриката за преработка на метал Пронико во Централна Америка, Гватемала (Pronico), не сè и никогаш не биле контролирани од споменатите санкционирани физички лица. Овие ентитети и Солвеј не се во сопственост, поврзани или во соработка со претставници на руската влада. Лицата, кон кои се воведени санкции, Дмитриј Кудрјаков и Ирина Литвињук кои долги години имаа раководни позиции во подружниците, веднаш се суспендирани од нивните работни позиции во очекување на исходот од истрагата од страна на надворешен правен бранител.
Нагласуваме дека Солвеј Инвестмент Груп не е предмет на неодамнешната одлука на Канцеларијата за контрола на странски имоти при Департаментот за финансии на САД (OFAC – ККСИ) за воведени санкции насочени кон руското учество во рударскиот сектор во Гватемала и не е субјект кој спаѓа во рамки на наложените санкции.
Повторуваме дека Солвеј не е руска компанија и нема никакви деловни односи со Русија. Уште на 3 март 2022 година, Солвеј јасно го искажа својот став против војната во Украина и го најави повлекување од своите единствени два инвестициски и оперативни проекти во Русија кои претставуваат помалку од 10% од глобалните операции на Групацијата и легално го заврши овој процес. Ве молиме слободно контактирајте не за какви било изјави, коментари, прашања или појаснувања.
Линк до објавата на Солвеј Инвестмент Груп: https://solwaygroup.com/2022/11/18/in-response-to-the-recent-statement-by-the-us-department-of-the-treasury/
Ние ги користиме колачињата на различни начини со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата страница.
Функционални
Always active
The technical storage or access is strictly necessary for the legitimate purpose of enabling the use of a specific service explicitly requested by the subscriber or user, or for the sole purpose of carrying out the transmission of a communication over an electronic communications network.
Preferences
The technical storage or access is necessary for the legitimate purpose of storing preferences that are not requested by the subscriber or user.
Статистички
The technical storage or access that is used exclusively for statistical purposes.The technical storage or access that is used exclusively for anonymous statistical purposes. Without a subpoena, voluntary compliance on the part of your Internet Service Provider, or additional records from a third party, information stored or retrieved for this purpose alone cannot usually be used to identify you.
Маркетинг
The technical storage or access is required to create user profiles to send advertising, or to track the user on a website or across several websites for similar marketing purposes.
Post A Comment