„Веруваме дека оваа донација ќе даде свој скромен придонес за разиграни детства на најмладите жители на Штип. Игралиштето е изградено во соработка со Општина Штип, која во рудникот Боров Дол препозна релевантен партнер за соработка и поддршка на општествено корисни проекти како што е детското игралиште,” изјави Ивица Карапетров, заменик генерален директор на Бучим и Боров Дол
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов се заблагодари за донацијата која е една од потребите на градот и содржина што недостига за правилен детски развој и социјализација на децата, “ Како општествено одговорна компанија Боров Дол се одлучи да донира една ваква содржина за најмалите дечиња кои верувам дека ќе го користат и чуваат. Изразувам благодарност до рудникот Боров Дол кој што се одзва на нашиот повик и кој што допринесе во населба Сењак, најмладите генерации да имаат едно поубаво катче за забава и место за рекреација.”
Рудникот Боров Дол е во постојана соработка со заедниците и својот раст и развој го базира на постојана соработка со заедниците и нејзините жители без разлика дали станува збор за мал локален проект или значаен инфраструктурен објект. Како општествено одговорна компанија во текот на годината реализира проекти значајни и на локално, но и на национално ниво.
“Само со одговорно дејствување можеме успешно да создаваме реални промени во заедниците. Преку нашето работење настојуваме да создаваме трајни вредности и можности за одржлив раст и развој на општеството, ” истакна Александр Раков, генерален директор на Бучим и Боров Дол.
Post A Comment