Следејќи ја традицијата да носат насмевки и искрена радост за време на новогодишните празници, рудниците Бучим и Боров Дол и годинава организираа повеќе празнични донаторски акции во општините во кои што делуваат – Радовиш, Конче и Штип. Рудниците го одржаа своето веќе традиционално доделување на новогодишни пакетчиња, со тоа што поделија пакетчиња на преку 1200 дечиња. Оваа година, претставниците на Бучим и Боров го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака, детските градинки во Радовиш и Конче, борачките клубови во Радовиш и Конче и различни здруженија и образовни установи. Секое детенце беше израдувано со новогодишни подароци, што е неразделен дел од традицијата на рудниците Бучим и Боров Дол.
Донаторските акции се реализираат со цел поддршка на децата во локалните заедници во кои рудниците делуваат, истовремено создавајќи насмевки и радост во срцата на најмладите жители. Александр Раков, управител на Бучими Боров Дол, изјави: “Деновиве, го почувствувавме вистинското значење на духот на заедницата. Оваа иницијатива не е само традиција за нас, туку и начин на создавање на насмевки на лицата на децата во нашите заедници. Нивната радост е наш успех!’ Ивица Карапетров, заменик управител на Бучим и Боров Дол, додаде: “Искрено сме среќни што можеме да ги обележиме овие празнични дни со подароци за најмалите дечиња. Нивните насмевки се наша најголема награда, а радоста на лицата на децата е најдобар показател дека правиме позитивна промена во општеството“.
Покрај доделувањето на новогодишни пакетчиња за дечињата, рудниците поддржаа и општински новогодишни активности и донираа новогодишни пакетчиња на различни заедници и организации, вклучувајќи ги Општинската организација Црвен крст – Радовиш наменети за намјалите членови од социјално ранливите семејства во Радовиш, на Здружението на турците за хуманитарни и културни активности Кудрет Јашам Дернеѓи и Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ – Штип, како и на децата на социјално ранливите семејства во Општина Конче. Исто така годинава рудниците за општинската активност во Радовиш – Средба со Дедо Мраз секое обезбедија новогодишно пакетче за секое дете, како и за дечињата кои беа дел од Бадниковата литија.
Рудниците Бучим и Боров Дол и во иднина ќе продолжат со оваа традиција, со цел да го обележат празничниот дух и да ги радуваат најмалите жители на локалните заедници.
Post A Comment