Добредојдовте во рудник Боров Дол

ТРАДИЦИОНАЛНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА: ДАРУВАЊЕ ЗА СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Awesome Image
јануари 5, 2024

Како продолжение на многугодишната божиќна традиција, Бучим и Боров Дол и годинава ги посветија празничните денови на дарување према социјално ранливите жители од локалната заедница.


Во првите денови од 2024 година, рудникот реализираше соработка за хуманитарни цели со Општина Радовиш и Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Радовиш. Оваа хуманитарна акција поттикната од рудникот се спроведува веќе четврта година е со цел да им се помогне на граѓаните за време на божиќните празниците. Бучим и Боров Дол како општествено одговорна компанија се труди да им ја збогати трпезата на граѓаните од социјално ранливата категорија, со тоа што донираше на 100 смејства пакети со прехранбени продукти и намирници за подготвување на храна. Пакетите беа распределени од страна на претставници на Општина Радовиш, Црвен крст Општинска организација Радовиш и претставници на Бучим и Боров Дол, до оние семејства на кои им се најпотребни.


”Ова традиционална акција е израз на нашата грижа кон заедницата. По повод на Божиќните празници го посетивме семејствата од социјален ризик и им доделивме пакети со прехранбени производи за да можат да го прослават празникот со полна трпеза. Рудникот Бучим и понатаму ќе продолжи да ги помага оние семејства на кои им е навистина потребна помош.” изјави Александр Раков, управител на Бучим и Боров Дол.

Tags:

Post A Comment