Вработените во Бучим и Боров Дол денеска зедоа учество во најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24.
Како официјални партнери на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, рудниците Бучим и Боров Дол ги здружија силите со општина Радовиш и ја покажаа својата посветеност за зачувување на животната средина.
„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24 им даде можност на нашите вработени активно да придонесат за подобрување на нашата заедница и животната средина“, рече Алексндр Раков, Управител на рудниците Бучим и Боров Дол. „Горди сме што сме дел од ваков значаен настан и остануваме посветени на поттикнување на позитивни промени во корист на сегашните и идните генерации”.
Акцијата за чистење во општина Радовиш не само што ја демонстрираат посветеноста на рудниците Бучим и Боров Дол за зачувување на животната средина, туку исто така ја нагласуваат важноста од заедничко дејствување во справувањето со еколошките предизвици. Со фокус на управувањето со животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување, рудниците се стремат да направат позитивно влијание во заедниците во кои работат.
Продолжувајќи со напорите за заштита на животната средина, волонтери од локалната заедница во Конче, на кои ќе им придружат работниците од Боров Дол и Бучим, во недела на 19-ти мај ќе спроведат еко-акција за чистење на околината кај езерото Мантово, Општина Конче.
Post A Comment